Официјалниот регионален партнер за додатоци во исхрана
За да бидете успешни не е доволен само талент. Успехот изискува пасија, дисциплина, жртва—и правилна исхрана. За да го подигнете трофејот, потребно е соодветно гориво за вашето тело. Со гордост го поддржуваме клубот со легендарна историја, ФК Бајерн, како официјалниот регионален партнер за додатоци во исхрана.
Споделени вредности
И ние веруваме во легендарни партнерства исто како и ФК Бајерн. Помислете само на разбирањето без зборови помеѓу голманот и централниот бек. Или помеѓу крилото и центарфорот. Сега помислете на ФК Бајерн и Doppelherz: совршен спој на брилијантност, традиција и реални вредности. Со над 100 години заедничка историја, двете организации се олицетворение на квалитет и постојано подобрување благодарение на истрајни и искрени вредности. Исто како и ФК Бајерн, ние постоиме за оние кои целосно се посветени кон својата верба во пасија, во семејство—или во светски уникатен фудбалски клуб. Кога ја следиме топката по теренот и од еден гол зависи каков ќе ни биде денот, сите сме еден тим. Цврсто веруваме дека секој од нас, без оглед дали се наоѓа на трибините или пред ТВ екранот, го заслужува најдоброто за своето здравје.
Што да очекуваме
Долгорочни перформанси. Тоа е суштината на ФК Бајерн. Тоа се потврдува со многубројните титули освоени во изминатото столетие. Тоа е клучната состојка за повеќето кариери на легендите на ФКБ. Вербата во долгорочни перформанси не поврзува во нашиот фудбалски клуб дури и во тешки времиња. И токму тоа го нуди Doppelherz: на теренот и во секојдневниот живот. Нашата посветеност кон здрав живот и перформанси е евидентна во сите наши истражувања, производи и нашата цел. Преку партнерството со легендарниот ФК Бајерн, сакаме сите луѓе на секоја возраст од целиот свет да имаат пристап до висококвалитетни додатоци во исхраната. За одржување на добросостојбата и перформансите—и остварување на сите животни цели.
