Полиса за приватност

  1. doppelherz.mk
  2. Полиса за приватност

Во продолжение ќе ве информираме за обработката на личните податоци во опсегот на користењето на нашата веб-страница.

Одговорно лице

Одговорно за оваа веб-страница е друштвото со ограничена одговорност Квајсер Фарма ГмбХ & Ко. КГ (Queisser Pharma GmbH & Co. KG Schleswiger Str. 74, 24941 Flensburg). Други податоци за нашата компанија и за лицата кои се овластени да ја застапуваат можете да најдете на Импресум.

Кои податоци ќе се обработуваат?

Правна основа за обработка на податоците
За да можеме да Ви ја понудиме нашата веб-страница и услугите поврзани со неа, обработката и користењето на личните податоци се темели на следната правна основа:

  • согласност (Art. 6 Abs. 1 lit. a) DSGVO)
  • исполнување на договори (Art. 6 Abs. 1 lit. b) DSGVO
  • врз база на одмерување на интересот (Art. 6 Abs. 1 lit. f) DSGVO)
  • исполнување на правната обврска (Art. 6 Abs. 1 lit. c) DSGVO)
    Во врска со соодветната обработка, ќе се повикуваме на соодветна терминологија за да можете да согледате на која основа ги обработуваме личните податоци.

Доколку личните податоци се обработуваат врз основа на согласност добиена од Вас имате право таа согласност во секое време да ја отповикате со дејство активно за во иднина.

Доколку податоците се обработуваат врз основа на одмерување на интересот, имате право, како засегната странка, да ја оспорите обработката на личните податоци земајќи ги притоа во предвид прописите од von Art. 21 DSGVO.

Пристапни податоци
Ако ја посетите нашата веб-страница, Вашите лични податоци ќе се обработат за да може да Ви се прикажат содржините на веб-страницата на Вашиот краен уред.
За да може страниците да се прикажат на Вашиот прелистувач (Browser) мора да се вчита (обработи) ИП адресата од Вашиот краен уред. Понатаму доаѓаат и други информации за прелистувачот на Вашиот краен уред. Заради заштита на податоците, ние сме обврзани да ја гарантираме доверливоста и интегритетот на обработените лични податоци на нашиот ИТ систем. За таа цел и поради тој интерес, врз основа на одмерување на интересот ќе се зачуваат следните податоци:

  • ИП-адреса на компјутерот од кој се повикува (за максимално 7 денови)
  • Оперативен систем на повикувачкиот компјутер
  • Верзија на прелистувачот (Browser) на повикувачкиот компјутер
  • Име на преземената датотека
  • Дата и час на преземање
  • Количина на преземените податоци
  • Упатување на URL

ИП-адресата најдоцна по 7 дена ќе биде избришана од сите системи кои биле во врска со оперативноста на оваа веб-страница. Понатаму (покасно) преку останатите податоци не ќе може повеќе да се воспостави врска со лицето кое пребарувало.

Исто така, податоците понатаму ќе бидат употребени за да може да се препознаат и отстранат грешките на веб-страницата.

Формулар за контакт
На нашата веб-страница нудиме формулар за контакт преку кој ќе можете да поднесете барања за информации за нашите производи или услуги или општо да воспоставите контакт. Полињата кои мора да ги пополните за одговарање на поставеното барање ги обележавме како задолжителни полиња. Податоците за останатите полиња се по слободна желба.

Нас ни се потребни тие податоци за да го обработиме Вашето барање и да Ви испратиме одговор. Обработката на податоците следи при конкретни барања за исполнување односно за воспоставување на договор. При општи барања следи обработка врз база на проценетиот интерес.

Барањата кои пристигнуваат преку формуларот за контакт на нашата веб-страница ги обработуваме електронски за да одговориме на Вашето барање. При тоа се добиваат информации за содржината на формуларот кој Вие го испраќате и други лица или одделенија и трети лица.

Пренесувањето на формуларот со податоци преку интернет е со користење на шифрирани врски.

Електронско списание (е-списание)
На нашата веб-страница можете да се претплатите за едно електронско списание (е-списание). За таа цел ни е потребна само Вашата е-адреса. Доколку сакате, можете дополнително да додадете Ваши податоци за контакт. Ова е по сопствен избор. Електронското списание можете во секој момент да го откажете. Алтернативно, во секоја е-порака со е-списанието ќе најдете линк за одјавување.

За да можеме да ја анализираме омиленоста на нашите електронски списанија и истите да ги оптимизираме, ги следиме протоколите кога корисниците ги отвораат е-пораките и кога ги кликнуваат линковите. Евалуацијата следи анонимно. Значи гледаме само, на пример колку проценти од корисниците на е-списанието ја имаат отворено е-пораката или имаат кликнато на линкот. Анализата на корисниците следи врз база на проценка на интересот. Вие можете да ја оспорите обработката со тоа што ќе се одјавите од е-списанието.

Google веб-фонтови
На нашата веб-страница воведуваме т.н. Google веб фонтови. Ти се симнуваат од Google-серверот со фонтови и служат за подобро обликување на веб-страницата. Обработката на податоците следи врз основа на одмерување на интересот при што нашиот интерес се базира на привлечно обликување на веб-страницата.

Различните фонтови се симнуваат од Google-серверот кој се наоѓа во САД. Спорад најновата јурисдикција на EuGH („Schrems II“), за неважечка е прогласена т.н. „Privacy Shield“ со која треба да се гарантира соодветно ниво за заштита на податоците во САД. Затоа актуелната употреба на Google веб фонтовите првично е на база на Art. 49 Abs. 1 lit. a) и наведените исклучоци во b) DSGVO.

Употреба на YouTube и други видео содржини
Во нашата веб-страница вклучуваме и видео содржини од т.н. трети услуги, како на пр. YouTube. YouTube е понуден како услуга од Google Ireland Limited. При интегрирање/вклучување видеа на YouTube, се повикуваат сервери на Google кои се лоцирани во САД. Обработката на личните податоци на серверите на Google ја врши Google. Затоа се повикуваме на упатствата за заштита на податоците на Google-корисниците на: https://policies.google.com/privacy

Обработката на податоците следи врз основа на одмерување на интересот при што нашиот интерес се состои во вклучување на содржини со информации во видео формат на веб-страницата.

Затоа следи актуелната употреба на Google веб фонтовите првично на база на Art. 49 Abs. 1 lit. a) и наведените исклучоци во b) DSGVO.

Карактеристики за оценување за производите
Доколку од нас сте побарале примерок од некој производ, по извесно време ќе Ви испратиме е-порака со која ќе Ве замолиме да ни дадете оценка за производот. За таа услуга ја користиме платформата „Trustpilot“. Trustpilot е услуга развиена во Данска и е врзана со законот за заштита на податоци на Европската унија.

Понатаму, нудиме можност по потреба да ги оценувате нашите производи директно на нашата веб-страница. Тука покрај оценувањето, треба да го наведете и името. Оценувањето може да биде објавено на нашата веб-страница. За тоа ќе бидете информирани кога ќе го дадете Вашето оценување. Обработката на податоците во врска со оваа функција на оценување е врз основа на одмерување на интересот.

Употреба на „копчиња“ Pinterest
На нашата веб-страница, на корисниците им нудиме можноста да споделуваат медиумски содржини на платформата „Pinterest“. Pinterest е интегриран со помош на таканареченото „решение со две кликнувања“. Тоа значи серверот на Pinterest (во САД) може да се повика само тогаш кога корисникот ќе кликне на соодветното копче Pinterest, на пр. на една слика. Дури тогаш може да се интегрира Pinterest преку функцијата „Pin it“. Доколку следи трансмисија на личните податоци во САД, тоа ќе се случи на база на исклучок од Art. 49 Abs. 1 lit. a) DSGVO.

Колачиња (Cookies)
На нашите веб-страници се користат колачиња. Колачињата се мали текстуални информации кои преку вашиот прелистувач се меморираат на Вашиот краен уред. Колачињата се потребни за да се овозможат одредени функции на нашата веб- страница. При тоа ги користиме двете колачиња за сесија, кои непосредно по завршувањето на посетата на веб-страницата се бришат автоматски од Вашиот прелистувач.
За други функции употребуваме и т.н. постојани колачиња кои не се бришат автоматски од Вашиот прелистувач по завршувањето на посетата на нашата веб-страница.

Вие ја имате можноста да го спречите поставувањето на колачињата со одредени подесувања во Вашиот прелистувач. Но, би укажале дека во тој случај користењето на нашата веб-страница може да биде само во ограничен обем. Со користењето на колачињата на Вашиот компјутер нема да се инсталираат или да стартуваат никакви програми или други апликации.

Употребата на технички неопходните колачиња („Задолжителни колачиња“) се темели на одмерувањето на интересот. Во таа смисла нашиот интерес е функционално работење на нашата веб-страница. Другите колачиња се користат само откако сте дале претходна согласност за истите.

Потребни колачиња
Ние употребуваме колачиња за т.н. контрола на сесијата. Овие колачиња се бришат автоматски од Вашиот прелистувач кога ќе ја завршите посетата на нашата веб-страница. Колачињата се користат и за да ви прикажат информации за употребата на други колачиња и да ви дадат можност да дадете согласност. Истото важи и ако сте направиле избор во однос на вашите параметри за користењето на колачиња.
Имате можност да ги меморирате производите на нашата веб-страница во „листа со желби“. За да се овозможи тоа се користат колачиња.
На повеќе места на веб-страницата употребуваме т.н. „Popupѕ“ со кои Ве упатуваме на производи или е-списанија. За управување со овие најави, а посебно за да не се појавува повторно Popup опцијата, употребуваме колачиња.
Доколку го активирате копчето Pinterest и активирате „Pin on Pinterest“, оваа преференца ќе се меморира во едно колаче.

Други колачиња
Информациите за други колачиња кои се употребуваат врз база на Вашата согласност, ќе можете да ги прочитате во понатамошните објаснувања за заштита на податоците. Доколку употребата на колачиња е спомената подолу, тоа се заснова на согласноста што ја давате кога ја посетувате нашата веб-страница. Доколку не дадете согласност, колачињата за кои станува збор нема да се постават и придружните услуги на третите даватели на услуги нема да се активираат.

Веб-анализа
На веб-страницата се користи алатката за веб-анализа “Google Analytics” која е понудена од Google Ireland Limited. Целта на користењето е „дизајн заснован на потреби“ на оваа веб-страница, кој се спроведува врз основа на одмерување на интересите. Освен тоа, веб-анализата ни овозможува да ги препознаеме и отстраниме грешките на веб-страницата, на пример поради неисправни линкови. Google Analytics употребува т.н. „колачиња“. Тоа се текстуални датотеки кои се меморираат на Вашиот компјутер и кои овозможуваат анализа на вашата употреба на веб-страницата. При тоа се применуваат т.н. „Client-IDs“ кои служат за креирање на псевдонимни кориснички профили кои ја снимаат употребата на веб-страницата од страна на корисник на десктоп компјутери и мобилни уреди.

Информациите кои се создале преку колачињата при Вашето користење на оваа веб- страница, по правило се испраќаат до еден сервер на Google во САД и таму се меморираат. Бидејќи го активираме т.н. ИП анонимизирање на оваа веб-страница и бидејќи имаме соодветен договор за обработка на налози со Google, вашата IP адреса претходно ќе биде скратена од Google во рамките на земјите-членки на Европската унија или во рамките на други земји потписнички на Договорот за Европска економска област. Само во исклучителни случаи целосната IP адреса ќе биде испратена до серверот на Google во САД и таму ќе се скрати.

Од Google се гарантира пристојно ниво на заштита на податоците. Во тој поглед, Google Ireland Limited има склучено соодветни договорни клаузули на ЕУ стандард за секој пренос на лични податоци во трети земји, како што се САД.

Вие можете да го спречите испраќањето на податоците генерирани од колаче и поврзани со вашата употреба на веб-локацијата (вклучувајќи ја вашата IP адреса) до Google и обработката на овие податоци од Google со кликнување на следниот линк (https://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=de) и да го инсталирате достапниот приклучок за прелистувач.

Алтернативно, можете (особено од мобилни уреди) да го спречите собирањето од Google Analytics со кликнување на следнава врска. Тогаш ќе се постави Opt-Out-Cookie - колаче за откажување за да се спречи идното собирање на вашите податоци кога ќе ја посетите оваа веб-страница: деактивирање на Google Analytics. Повеќе информации за условите при користење на Google Analytics и упатства за заштита на податоците ќе најдете под: https://policies.google.com/privacy

Google Adwords, Doubleclick и други „Tracking“
На нашите веб-страници, врз база на Ваша согласност, поставуваме Google Adwords, Doubleclick и други услуги за да можеме да прикажеме рекламни материјали односно за да можеме да го мериме успехот на нашите сопствени трошоци за рекламирање. При тоа се вклучуваат и колачиња. Дополнителни информации за Google Adsense и Doubleclick и можноста за приговор („Отклучување“) може да најдете hier.

За да го анализираме користењето на нашата веб-страница во однос на методите на рекламирање, користиме метод за следење од Epro (eprofessional) врз основа на Ваша согласност. Следењето можете во секое време да го деактивирате овде hier deaktivieren.
 

Употреба на Facebook Social Plugins и други Facebook услуги
На нашата веб-страница може да се користат т.н. социјални приклучоци („Plugins“) од социјалната мрежа facebook.com („Фејсбук“) врз основа на Ваша согласност. Фејсбук е управуван од Meta Platforms Ireland Limited.

Притоа обработката на податоците се одвива во САД. Во овој поглед, Meta Platforms Ireland Limited има т.н. ЕУ-стандардни договорни клаузули со својата американска матична компанија со цел да гарантира соодветно ниво на заштита на податоците. Земјаќи ја во предвид сооветната јурисдикција на EuGH („Schrems II“), би сакале да истакнеме дека во основа не постои соодветно ниво на заштита на податоците во САД, особено дека не постојат соодветни опции за правна заштита на ЕУ-граѓаните против владините мерки за надзор.

Дополнителните компоненти можат да се препознаат по логото на Facebook (бело „f“ на сина плочка или знакот „подигнат палец“) или со дополнителна ознака „Facebook Social Plugin”. Списокот и изгледот на социјалните приклучоци на Facebook може да се погледнат овде: https://developers.facebook.com/docs/plugins.

Ако пристапите до веб-локација на нашата веб-страница што содржи таков приклучок, вашиот прелистувач воспоставува директна врска со серверите на Facebook. Содржината на додатокот се пренесува директно од Facebook до вашиот прелистувач кој ја интегрира во веб-страницата. Оттука ние немаме влијание на обемот на податоците кои Facebook ги собира со помош на овој додаток и затоа ве известуваме според нашето ниво на знаење:

Со интегрирање на приклучокот, Facebook добива информација дека сте пристапиле на соодветната локација на нашата веб-страница. Ако сте најавени на Facebook, може посетата да се додаде на вашата Facebook сметка. Ако имате интеракција со дополнителна компонента, на пример го активирате копчето „Ми се допаѓа“ (like) или дадете коментар, тогаш соодветната информација ќе биде пренесена од Вашиот прелистувач директно до Facebook и таму ќе се меморира. Доколку не сте член во Facebook, сè уште постои можност Facebook да ја дознае и складира вашата IP адреса и евентуално други податоци за прелистувачот што го користите.

Дополнително, може да користиме услуги на Facebook кои овозможуваат користење на податоци кои се однесуваат на оптимизирано прикажување на рекламен материјал (на пр. рекламни банери) и евалуација на рекламните мерки.

Конечно, може да овозможиме користење на Facebook Connect на некои од нашите веб-страници.
Повеќе информации за начинот на функционирање на Facebook Social Plugins и Facebook Connect, како и информации за обработката и користењето на податоците за рекламни цели можете да прочитате во упатствата за заштита на податоците на Facebook: www.facebook.com/about/privacy/

Таму ќе најдете и упатство за тоа како можете да ја ограничите или исклучите употребата на Вашите податоци за рекламни цели.

Ако сте член на Facebook и не сакате Facebook да собира податоци за Вас преку нашата веб-локација и да ги поврзува со податоците за вашите пријатели зачувани на Facebook, мора да се одјавите од Facebook пред да ја посетите нашата веб-локација.

Исто така, можно е да ги блокирате социјалните приклучоци на Facebook со додатоци за вашиот прелистувач, на пример со „Facebook Blocker“ или „disconnect“.

„ Bing“ - универзално следење на настани
Ние го користиме т.н. „Универзално следење на настани“ од „Bing“ врз основа на Ваша согласност. Повеќе информации за обработката на податоци од „Bing“ при следење на настани можете да најдете тука hier. Во спротивно, функцијата на оваа метода можете да ја откажете овде hier

Цел на обработката на лични податоци

Претходно споменатите податоци ги обработуваме за функционирање на нашата веб-страница и за исполнување на договорните обврски кон нашите клиенти односно заштита на нашите легитимни интереси.

Во случај на прашања од Вас надвор од активниот однос со клиентите, ги обработуваме податоците за продажни и рекламни цели. Примената на Вашите лични податоци за рекламни цели можете да ја откажете во секое време.

Доброволни податоци

Доколку доброволно ни дадете податоци, на пример во обрасци, а тоа не е потребно за исполнување на нашите договорни обврски, ние ги обработуваме овие податоци со легитимна претпоставка дека обработката и користењето на овие податоци е во Ваш интерес.

Примател / трансфер на податоци

Податоците кои ни ги доставите во основа (или принцип) не се проследуваат до трети лица. Поточно, вашите податоци нема да бидат проследени на трети лица за рекламни цели.

Сепак, ние можеме да користиме даватели на услуги за да управуваме со оваа веб-страница или за други производи или услуги од нас. Овде може да се случи давателот на услуги да стане свесен за неговите лични податоци. Ние внимателно ги избираме нашите даватели на услуги, посебно во поглед на заштитата и безбедност на податоците, и ги преземаме сите неопходни мерки за заштита на податоците потребни за нивна дозволена обработка.

Обработка на лични податоци надвор од Европската Унија

Доколку личните податоци се обработуваат надвор од Европската унија, тоа можете да го прочитате во претходно наведеното.

Претставник за заштита на податоците

Назначивме претставник за заштита на податоците.

Можете да го контактирате на:

Queisser Pharma GmbH & Co. KG
-претставник за заштита на податоците-
Schleswiger Str. 74
24941 Flensburg
е-адреса: datenschutz(at)queisser.de
 

Вашите права како засегнат/а

Имате право на информации за личните податоци кои се однесуваат на Вас. Можете да не контактирате за информации во секое време. При барање на информации кое не е во писмена форма, Ве молиме за разбирање при дополнителното барање докази со кои ќе се потврди дека Ви сте лицето за кое се претставувате.
Понатаму, имате право за корекција или бришење или ограничување на обработката на податоците доколку имате законски право на тоа. Крајно, имате право на приговор против обработката на податоците во рамките на законските прописи. Истото важи и за правото на пренесување на податоците.

Бришење на податоци

Личните податоци во основа ги бришеме тогаш кога нема потреба за понатамошно меморирање. Може да постои услов, особено ако податоците се сеуште потребни за да се исполнат договорните услуги, да може да се провери и да се даде или да се отфрли гаранцијата и, доколку е применливо, да се гарантираат барањата. Во случај на законски обврски за чување на податоците, бришењето може да се разгледа само откако ќе истече соодветната обврска за складирање.

Право за поднесување жалба до надзорна служба

Имате право да се пожалите за нашата обработка на личните податоци пред надзорната служба за заштита на податоци.

Промена на овие упатства за заштита на податоците

Овие упатства за заштита на податоците ги ревидираме при промена на оваа веб-страница или при други поводи кои тоа го прават нужно. Актуелната верзија секогаш ќе ја најдете на оваа веб-страница.

Состојба: 21.02.2022