KOLLAGEN 11.000 PLUS
Здравје + Подвижност
- Витаминот C придонесува за нормално создавање на колаген за нормална функција на 'рскавицата
- Плус 11 g колаген хидролизат и 100 mg хондроитин сулфат
- Шишенце за пиење со пријатен вкус на шумско овошје
Витаминот C придонесува за нормално создавање на колаген за нормална функција на 'рскавицата
За здравјето на нашиот мускулно-скелетен систем, покрај доволното и умерено движење, важна улога има и здравата исхрана.
Doppelherz system KOLLAGEN 11.000 PLUS содржи хранливи материи кои придонесуваат за здравјето на мускулно-скелетниот систем и за заштита на клетките.
Doppelherz system KOLLAGEN 11.000 PLUS содржи:
- Комбинација од витамини и елементи во трагови: витамин C, витамин D, селен и бакар, плус 100 mg хондроитин сулфат
- Плус 11 g колаген хидролизат
Внимателно усогласените хранливи материи се содржани во практично шишенце за пиење – подготвено за консумирање, со пријатен вкус на шумско овошје – идеално за во движење.
Колаген – важен протеин
Колагенот е квантитативно најзастапениот протеин во човечкиот организам. Тој претставува главна составна компонента на поголемиот дел од сврзното и потпорното ткиво и ги одредува нивните својства. Колагенот е составен дел на коските, 'рскавицата и тетивите.
Колагенските влакна имаат исклучително висока цврстина на истегнување. На пример, за да се скине колагенско влакно со дијаметар од 1 mm, потребна е сила што одговара на товар од 10 до 40 kg.
Синтезата на колаген зависи од витаминот C. Затоа витаминот C придонесува за нормално создавање на колаген за нормална функција на 'рскавицата и коските.
Бакар
Елементот во трагови бакар придонесува за одржување на нормалното сврзно ткиво.
Витаминот C и елементите во трагови селен и бакар придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.
Витамин D
Витаминот D придонесува за одржување на нормални коски и нормална функција на мускулите. Исто така, ја поддржува нормалната функција на имунолошкиот систем.
Дополнително содржи 100 mg хондроитин сулфат. Хондроитинот припаѓа на групата на глукозаминогликани.
Doppelherz system KOLLAGEN 11.000 PLUS содржи комбинација од витамини и елементи во трагови кои целно придонесуваат за здравјето и благосостојбата на организмот.
- *
- Референтни вредности на хранливи материи според регулативата на ЕУ 1169/2011
- **
- Нема достапни референтни вредности за хранливи материи
Секојдневно консумирајте ја содржината од едно шишенце за пиење. Пред употреба добро протресете.
Препорачаната дневна количина не смее да се надминува. Додатоците во исхраната не се замена за разновидна и урамнотежена исхрана и здрав начин на живот.
Да се чува подалеку од дофат на мали деца.
Не е наменето за деца и адолесценти.
Да се заштити од директна сончева светлина.
Да се чува на суво место, на температура до 25°C.
Вода, колаген хидролизат (од говедско потекло), фруктоза, средство за закиселување лимонска киселина, хондроитин сулфат, арома, L-аскорбинска киселина, конзерванс калиум сорбат, засладувач натриум цикламат, засладувач ацесулфам K, засладувач натриум сахарин, бакар сулфат, натриум селенат, холекалциферол.












